Бугарскиот премиер потврди дека нема отстапка од веќе утврдените бугарски позиции и барања со кој се условува почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ.
Ставот на Бугарија за преговарачкиот процес со РС Македонија е зачуван, го надградуваме со пет комисии, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков во бугарското собрание.
Ве уверувам – им реферираше премиерот на пратениците – во нашата коалиција имаме апсолутно јасен заеднички став, договорен пред очите на целиот бугарски народ.
Имаме целосна координација во Владата на темата и тоа што одиме на разговори на 18 јануари покажува дека добрососедството е основен принцип во нашите односи, рече Петков.
Не ми е јасно зошто во 2021 година немаме ниту еден лет Софија-Скопје, немаме ниту една железничка линија, немаме заеднички културен календар, немаме интеракција меѓу нашите бизниси, рече Петков. БГНЕС







