Петков среќен што бугарското малцинство во Албанија го учи „својот мајчин јазик“

Бугарското национално малцинство во Албанија е главен мост на пријателство и фактор за зајакнување на меѓусебната доверба, изјави Кирил Петков на средбата со албанскиот претседател Илир Мета кој е во посета на Софија.



Премиерот ја истакна важноста што Бугарија ја придава на обезбедувањето можност на бугарското малцинство целосно да го искористи своето право да го учи својот мајчин јазик.

Петков ја потврди бугарската поддршка за Албанија да започне преговори за членство во ЕУ.

Претходно денеска и бугарскиот претседател Румен Радев искажа подготвеност да ја поддржи Албанија за започнување на преговорите со Унијата.