Кирил Петков утре и официјално ќе поднесе оставка на премиерската функција по изгласанатате недоверба на неговата влада минатата недела, но очекува од претседателот Румен Радев добие нов мандат за формирање нова влада.
„Сите ние сме многу сплотен тим и продолжуваме во истиот формат“, изјави премиерот Кирил Петков за тоа дали се предвидуваат промени во формирањето на идната влада во рамките на овој парламент.
Петков чека нов мандат од Радев
Тој посочи дека засега составот ќе биде непроменет.
„Иако немаме поддршка од независните пратеници, за кои се надеваме дека ќе видиме дали има таква шанса, засега не сакам да навлегувам во детали“, рече тој.
Петков нагласи дека ПП јасно кажала дека има неколку луѓе со кои нема да преговараат, а притоа ги спомена Бојко Борисов, партијата ДПС, Слави Трифонов…
Според него, нема смисла бугарското општество да влезе во друга агонија и беше категоричен дека е време Бугарија да ја добие можноста да има слободна влада која работи за народот.
Борбата против мафијата не е цел сама по себе, таа е само инструмент во богата земја (бидејќи верувам дека Бугарија е богата земја), средствата да се трошат правилно за да се подобри животниот стандард на народот , рече Петков.







