„Вчерашната акција покажа дека никој не е над законот во Бугарија“ вели бугарскиот премиер Кирил Петков во видеото објавено на официјалната Фејсбук страница на Владата.
Лаура Ковеши во Софија: 120 пријави за злоупотреба на европскки пари
Во акцијата приведени беа екс-премиерот Бојко Борисов и неговата советничка за медиуми Севделина Арнаудова како и поранешниот министер за финансии Владислав Горанов.
„Јас самиот бев сослушан и дадов исказ.“ рече Петков кој бил прв сослушан во врска со вчерашната акција поврзана со злоупотреба на европски пари.
„Во моментов се вршат инспекции од европското обвинителство, но каде е бугарското обвинителство? И дали конечно ќе застане на страната на бугарскиот народ – ќе видиме во наредните денови“, рече Петков.







