Бугарскиот премиер Кирил Петков смета дека протерувањето на руската амбасадорка Елеонора Митрофанова ќе значи конечно прекинување на односите со Москва, што во моментов не е корисен чекор.
Ова е одговор на Петков, на барањето на коалицискиот партнер „Демократска Бугарија“,
„Ако го направиме тоа, тоа значи целосен прекин на односите. Според наше мислење, многу посоодветно е ако тоа се направи на ниво на Европската унија. Сè уште нема земја од ЕУ што го сторила тоа“, тврди тој.
„Таа (Митрофанова) досега се однесуваше апсолутно непристојно за еден дипломат. Протеравме 10 дипломати, дадовме неколку забелешки, го повикавме нашиот амбасадор во Москва на консултации, што на политички јазик значи’ вели премиерот и Москва требало да го направи истото,
Петков уште додаде дека не треба да се брза со протерувањето и поради тоа што се прават обиди за евакуација на 15 бугарски морнари на брод блокиран во пристаништето Мариупол – а тоа зависи од Руската Федерација.
„Нивната безбедност зависи и од руската страна. Имаме 15 Бугари чии животи зависат од ова. Кога ќе се донесат такви одлуки, мора внимателно да се разгледа целата слика“, рече премиерот.
Судирите во пристаништето се уште траат, а бродот „Царевна“ се уште не може да ги помине критичните 260 метри до отворено море.






