Петков продолжува со малцинска влада: Нема нови избори и „хаос“

Откако ИТН на Слави Трифонов, еден од 4-те коалиционите партнери, го напушти кабинетот на Кирил Петков, тој најави дека ќе управува со малцинска влада.



„Нема да дозволиме Бугарија да влезе во изборна спирала поради нечие его, задкулисни игри или нешто друго“.

Петков порача дека избори не се потребни во период на војна, енергетска и гасна криза, како и во период кога до крајот на годината треба да се усвојат 20-тина закони кои би ѝ овозможиле на Бугарија да добие пари од Брисел.

„Обединети сме и велиме ’не‘ за хаос, ’не‘ на поединечни одлуки кои може да ја фрлат цела држава во криза и ’да‘ за обединетост и за борба против корупцијата.

Бугарските граѓани треба да знаат дека оваа коалиција и овој состав стои зад нив и приоритет број еден ќе биде донесување на буџетот“, рече Петков во кратката изјава, но без да одговара на новинарски прашања.