„Нашите односи беа на многу ниска точка, но по она што го постигнавме за само две недели заедничка работа – многу се надевам“, рече бугарскиот премиер Кирил Петков во кратката изјава за медиумите пред заедничката седница на владите на Македонија и Бугарија денеска во Софија.
Според него, значајно е фактот што Македонија испратила толку министри од важни ресори.
„Разговорите ќе се засноваат на реални средби и со очекувања за реални резултати. Затоа што тоа е смислата на политиката – да се постигне добро за двата народа“, рече Петков.
Петков рече дека се очекуваат конкретни резултати по денешната втора рунда разговори. А особено – работевме напорно на полето на образованието, инфраструктурата, комуникациите.
Од своја страна македонскиот премиер Димитар Ковачевски рече дека целта е „ да го направиме регионот подобар економски и подобар во однос на можностите за работа и животниот стандард“/.
Како што рече „денес нашите колеги од овие влади работат конкретно на овие прашања. Разменуваме идеи, разменуваме знаење. Затоа што ова има подобар ефект отколку самите да го правиме тоа“.
Во следните шест месеци министрите лично ќе учествуваат во ресорните работни групи, но во нив нема да бидат само политичари, рече Ковачевски.






