Петков објави: Македонската влада во вторник патува во Софија!

„Владата на Македонија доаѓа следниот вторник на 25 јануари. Имаме можност да направиме нешто што не е направено во последните 30 години“, соопштил бугарскиот премиер Кирил Петков на почетокот на денешниот состанок на бугарскта влада, само два дена по неговата посета на Скопје, јави БГНЕС.



Петков вели дека ќесе разговара за како да се воспостави железничка линија помеѓу Софија и Скопје во најкус можен рок, како да се патува побрзо со автомобил, како навистина да има половина час авионски лет, како да се има културен календар, како да се координираат образовните програми…

Сето тоа ќе се заокружи на претстојната владина меѓуседница на 25 јануари, рече Петков и додаде дека ќе се направи реален план за постигнувањата во наредните шест месеци.