Бугарскиот премиер Кирил Петков вели дека периодот од 6 месеци што го одредил, се однесувал „за работата што треба да се направи меѓу Бугарија и РС Македонија“ како што е на пример, воспоставување авионска линија на релација Софија – Скопје.



„Никогаш не сум навел точен рок за една или друга одлука“, вели Петков -, како што пренесува БГНЕС – за односите со Макдонија во пресрет на посетата на Скопје закажана за вторник, 18 јануари, пренесува БГНЕС.

Според него „влезот на РСМ во ЕУ, кога позицијата на Бугарија е на линија, е најдоброто нешто за Бугарија. Ги сакаме гаранциите што мора да ги има секој граѓанин на ЕУ, ова е нулта толеранција за дискриминација“.

Сакаме правата на Бугарите таму да бидат вклучени во нивниот устав – вели бугарскиот премиер според кој околу темата на компромисите што треба да се направат е Бугарија „да биде иницијатор за пуштање на (авионска н.з) линија Софија-Скопје“.

Компромисот ќе биде „кој ќе ја организира и финансира оваа линија, ова може да биде првиот чекор“, рече Петков.

Бугарска новинарка деновиве објави дека авионска линија на релација Софија Скопје е нереална и економски неиздржана