„Нема 121 лице да покажат дека не се плашат да кажат ‘не’ на заткулисните игри. Ја сфаќаме тежината на одговорноста што ја имаме. Разговорите се во тек, но се чини дека мандатот ќе биде вратен, изјави премиерот во оставка Кирил Петков.
Уште неколку часови Асен Василев да собере 121 пратеник
Денеска во 17 часот истекува рокот во кој Асен Василев, предложен за премиер, треба да му го врати на претседателот првиот мандат за состав на кабинет, кој го доби пред една недела.
Минатата недела ПП, БСП, Демократска Бугарија и шестмина пратеници кои ја напуштија ИТН договорија програма за управување до крајот на годинава. Од ПП изјавија дека нема да предложат предлог-влада доколку не се обезбеди поддршка од уште шестмина пратеници, за да може Василев да смета на мнозинство од 121 глас.
Очекував дека совеста на луѓето ќе надвладее над стравот, додаде Петков.
Петков беше категоричен дека земјата пропушта историска можност да напредува…Нема да можеме да носиме важни закони и нема да ги апсорбираме европските фондови.
Тој ги коментираше и сценаријата за можни предвремени избори.
Изборите ќе бидат прашање дали сакаме нормална држава или „задкулисието“ да продолжи да не ограбува, категоричен беше Петков.







