„Ништо нема да правиме под притисок, она што се обидуваме да го направиме е да видиме дали правата на Бугарите во северна Македонија може да се гарантираат преку европскиот процес“ изјавил денеска бугарскиот премиер Кирил Петков , околу почетокот на преговорите за членство на РС Македонија во ЕУ.
Тој негираше дека има политички притисок за тргање на бугарското вето, пренесоа бугарски медиуми.
„Ќе оставам на МНР, затоа што тие преговараат токму сега. Прашањето е дали бугарската позиција може да се гарантира преку европски процес, а не некој да не притиска или било што“, рече Петков.
Тој исто така рече дека Бугарија останува на одлуката на Народното собрание да не ѝ испорачува опружје на Украина.






