Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска во изјава за медиумите истакна дека не е запознаен со предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон во врска со кревање на ветото за Македонија.
Радев му откажа „визита„ на Макрон
Во однос за одлуката за ветото за Северна Македонија, Петков вели дека нема да преземе никакви чекори за нејзино укинување без одлуката на Народното собрание.
„Во врска со планот на Франција јас ништо не сум видел црно на бело, но, се разбира, сме готови и отворени да разговараме со сите наши европски партнери кои имаат предлози, но повторно ќе кажам тие треба да бидат согласни со рамковната позиција на Бугарија дури и таа позиција да се утврди, таа треба да помине низ Народното собрание“, вели Петков.






