Петков: Не треба француско поседување, сами да ги решиме проблемите! – Бугарите во Македонија да се рамноправни со другите народи

„Време е заедно, како две држави, како два добри соседа, да ги решиме отворените прашања без ничија помош.“ – кажа премиерот на Бугарија Кирил Петков во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат.мк.

На својот интернет – портал ТВ Алсат.мк ги објави најважните акценти од искажувањата на бугарскиот премиер во емисијата: „Запрашан за ставот на францускиот претседател Макрон, кој се понуди како олеснувач на дијалогот меѓу двете земји, Петков одговори: ‘Јас се надевам и сум сигурен дека властите на северна Македонија ќе поддржат – време е заеднички да ги решиме овие прашања и како две добрососедски земји, кои меѓусебно се почитуваат, тоа да го направиме без ничија помош. Мислам дека политичката култура и волјата за добрососедство и конструктивност во сите теми… не ни требаат посредници. Треба да ја завршиме работата. Координацијата со европските партнери е секогаш добра, но проблемите мора да ги решаваат нашите две земји.“

„Дали е можен некаков напредок во следните шест месеци? Во врска со ова прашање бугарскиот премиер Кирил Петков во емисијата ‘360 степени’ во Алсат изјави дека укинувањето на ветото ќе зависи од постигнатиот успех во идните преговори меѓу работните групи на двете земји.“

„Ако постигнеме вистински успех во сите прашања, што си ги поставивме, и ако ги решиме конструктивно, тогаш тоа ќе го одреди рокот, кој ќе не однесе во следната фаза. Лично посакам да се случи час поскоро. Мислам дека најточниот и најреалниот одговор е дека треба да имаме јасна идеја оти се тоа прашања на заедничко ангажирање, а не на календарски датуми. Ако успееме, тие датуми се блиски. Но, ако имаме проблеми, што не можеме да ги решиме, тогаш ова е проблем. Во следните шест месеци очекувам работните групи да се среќаваат еднаш месечно, врз основа на резултатите, и се надевам дека ќе постигнеме напредок многу брзо’ – рече Петков во одговорот на прашањето околу ветото.“

„За бугарската страна е важно Бугарите во Македонија да се рамноправни со народите, чии права се дефинирани во Уставот.’ – изјави во гостувањето во ‘360 степени’ премиерот на Бугарија Кирил Петков.“

„Запрашан за неговата последна изјава, во која ги спомна правата на македонските Бугари, Петков рече: ‘Сакаме да се осигуриме дека Бугарите со своите права во Македонија ќе бидат еднакви со другите народи, чии права се запишани во Уставот. Ова е важно не само за Бугарија, туку и за ЕУ во целина. Важно е да се осигураме дека сите човекови права се на исто законско рамниште, што ќе потврди дека дискриминацијата на никаков начин не може да биде дел од третманот на едниот, или на другиот. Ова треба да биде факт за сите граѓани на ЕУ.’ – кажа Петков.“ – објави ТВ Алсат.мк.