Бугарска влада не планира да се откаже од барањата поврзани со историските спорови со с. Македонија, а премиерот Кирил Петков вели дека неговата цел е да го прошири дијалогот и да ја искористи економската соработка за подобрување на односите.



Во интервју за „Политико“ од Брисел, Петков сега вели дека работните групи треба да работат многу напорно шест месеци, но не дава краен рок кога би завршил процесот.

„ Мислам дека ниту една влада во моментов не може едноставно да отиде кај своето население и да каже: „Во ред, заборавете на сите проблеми, ајде само да го потпишеме договорот’, бидејќи таа влада брзо ќе падне“, вели тој во разговорот за „Политико“.

Петков за „Политико“ повторил дека сака да заземе повеќе деловен пристап во односите со Македонија.

Целта е да се прошири дијалогот и да се искористи економската соработка за подобрување на односите. Петков сака извршните директори на бугарски и на македонски компании да се сретнат и да создадат врски.

„Сакам да можам да летам од Софија до Скопје директно, не сакам да летам преку Виена. Сакам да ја имам првата железничка врска, ако е можно барем планот за тоа. Сакаме да имаме заеднички културен календар – вели Петков.