Кирил Петков, копретседател на коалицијата „Промената продолжува“ која победи на парламентарните избори во Бугарија, вели дека неговата партија има категоричен став за тоа што треба да се направи во односите меѓу Бугарија и Македонија. Според Петков, треба да се формираат работни групи од двете земји – Бугарија и С Македонија, во кои, според него, треба да бидат вклучени не само историчари, туку и луѓе од бизнисот, културата и образованието. Тој рече дека работните групи нема да разговараат само за историјата, туку и за се што може да го поправи добрососедски односи меѓу Бугарија и Македонија.
„Бугарија мора да го брани својот национален интерес, а тие мора да го бранат својот интерес, но под заеднички именител дека двете земји имаат што да добијат од добрососедските односи“, вели Петков.
Петков не одговори на директното прашање на БНТ дали Бугарија треба да го тргне ветото за Македонија на 14 декември, велејќи дека е невозможно да се зборува за конечни резултати без работен процес и додаде дека овој процес ќе биде највисок приоритет на идното раководство на бугарското МНР, за да не се губи време.
„ Не можеме да кажеме овој или оној датум без да видиме како се одвива овој процес. Сакаме да почнеме со добрососедство, добра волја и се надевам дека со многу конструктивност ќе се најде начин да се постигнат многу подобри резултати од досегашните“, изјави Петков.





