Сите партнери сфаќаат дека за време на војна е многу неодговорно да се остави владата да падне, смета бугарскиот премиер Кирил Петков по критиките и нападите против власта во последните денови. Во моментов нема опасност од паѓање на Владата,уверува тој.
Петков не се препознава во нападите од претседателот Румен Радев дека „политичките шарлатани а ги разгоруваат воените страсти за своја корист“.
„Мислам дека не мислеше на нас. Тој нè познава многу добро и знае дека ги браниме бугарските интереси“, рече Петков.
„Една опција е да бидеме меки како Орбан, да купуваме гас од Русија.
Другата позиција е ставот на Европа според кој бомби не можат да летаат во 21 век а ние да ги затвораме очите. Нашата влада не мисли дека тоа е бугарски интерес„, рече Петков.
Премиерот смета дека нема да се остварат заканите некој од коалиционите партнери да ја напушти владата: „Мислам дека нема да го направат тоа“, рече Кирил Петков, очигледно мислејќи на БСП и ултиматумот, кој не еднаш го постави лидерката Корнелија Нинова.
БСП ќе ја сруши владата ако Бугарија ѝ даде оружје на Украина
Гласањето во парламентот мора да биде јасно. Ние од „Продолжуваме со промената“ ќе гласаме „за“ генералниот мандат на воено-техничка помош на Украина…






