Бугарскиот премиер Кирил Петков му се јавил на македонскиот колега, Димитар Ковачевски и барал објаснување за отстранувањето на лентите од венците што бугарските делегации ги положија на гробот на Гоце Делчев и за искршеното стакло на бугарскиот Културен центар во Битола.
Ковачевски го информирал Петков дека, барем во едниот случај, не се работи за политика.
Брачна кавка стои зад искршеното стаколо на бугарскиот културен центар во Битола
На прашањето, дали разговарале за политичките прашања кои треба да се решат, Ковачевски повтори дека, министерствата за надворешни работи на двете држави ќе имаат средба на 10 и на 11 февруари.






