Петков ,,мафта” со предлог на Макрон за Македонија, Македонците немаат абер што тој содржи

Бугарскиот премиер Петков зборува за предлог на францускиот претседател Макрон со кој треба да се надмине бугарското вето и го најавува за дискусија во бугарското собрание.



Во меѓувреме во Македонија никој не им кажува на граѓаните што содржи предлогот на Макрон и дали е тој прифатлив за нив.

Молчат и претседателот Пендаровски и премиерот Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Никој не открива ниту дебатира за мистериозниот предлог за кој во Софија ќе дознаат сите а македонските граѓани на кои се однесува немаат никаква информација.

Дури и да е предлогот најдобар за Македонците власта мора да ја информира јавноста што предлага Макрон затоа што така налагаат демократските процедури во земја која сака да стане членка на ЕУ.

За предлогот на Макрон не заседавал ниту Советот за безбедност на Пендаровски ниту собраниската комисија за надворешна политика ниту пак владата имала јавна седница на оваа тема.