Бугарската владина делегација предводена од премиерот Кирил Петков во наредните денови ќе замине за Киев, соопшти премиерот во интервју за Нова ТВ. Во делегацијата ќе има претставници од сите партии во владејачката четворократна коалиција.
Веста доаѓа само еден ден откако украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба го покрена прашањето за воена помош од Бугарија.
Кулеба разочаран и со „празни раце“ замина од Бугарија
Кирил Петков рече дека владата постојано ја осудувала руската агресија.
Според него испраќањето воена помош е вистинскиот потег. Сепак, тој нагласи дека има коалициски партнери и ќе ги покани да одат во Киев за да можат да излезат со заеднички став.
Тој изрази надеж дека БСП и Демократска Бугарија ќе најдат заеднички јазик за ова прашање.
Прашањето за воена помош за Украина создаде сериозно триење меѓу владејачката партија и стана црвена линија што може да ја подели коалицијата.
БСП остануваат категорично „против“…јавуваат бугарски медиуми.






