На прашањето дали Бугарија треба да направи отстапки за Република с. Македонија, новиот бугарски премиер Кирил Петков нагласува дека мошне јасно го изнел она што се следните чекори со соседната земја.



во интервју за неделната емисија Панорама на Бугарската национална телевизија во врска со спорот меѓу Софија и Скопје, вели дека не станува збор за процес на отстапки, туку за процес на надградба, пренесува МИА од Софија.

Појаснува дека Бугарија ќе ја надгради својата позиција со дополнителни работни групи за економија, инфраструктура, култура, во однос на мерките и политиките за влез и помош, капацитетот на Македонија со цел тие да успеат на направат чекор напред кон влезот во ЕУ.

Новиот бугарски премиер изјави дека Владата си задала рок од шест месеци и затоа тој рок го изнел јасно и категорично.