Постигнат е вистински напредок во работата на заедничките комисии меѓу Бугарија и Македонија. И особено во најпроблематичната област – нашата заедничка историја, изјавил бугарскиот премиер Кирил Петков во врска со актуелниот бугарско-македонски спор.



„Очекувам процесот да се забрза во следните неколку недели. Имаме добри вести – ќе потпишеме дополнителни меморандуми меѓу одделните министри.

Исто така, правиме напредок со историската комисија, некои од прашањата што изгледаа толку тешки сега изгледаат многу реално да се надмине. И сакам да кажам дека сум оптимист за целиот процес“, изјави Кирил Петков.

„Нема да навлегувам во детали, но има разбирање за важните историски личности. Наскоро ќе ги соопштиме конкретните резултати. Прво да го добијам извештајот од комисијата“, одговори премиерот на прашање на News.bg.

„Работиме многу координирано со јасни рокови. Поставивме неколку етапни цели. С. Македонија мора што поскоро да влезе во Европската Унија. Се’ уште има нерешени прашања, вклучително и заштитата на малцинските права и работиме координативно со европски „Во актуелната криза Западен Балкан мора да го тргне патот кон ЕУ“, рече тој.

Петковденеска во Софија се сретна со колегите од Северна Македонија, Романија и Црна Гора, Димитар Ковачевски, Николае Чука и Здравко Кривокапиќ.