Петков и Ковачевски утре ќе се сретнат во Рим

Прес-службата на бугарската Владата за тамошните медиуми потврдила дека премиерите Кирил Петков и Димитар Ковачевски, ќе се сретнат на нивното патување во Рим и Ватикан по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј.



Средбата на двајцата премиери ќе се одржи на 23 мај по посетата на базиликата „Санта Марија Маџоре“.

Бугарски „Дневник.бг“ наведува дека ова патување на премиерите ќе го одбележи спорот помеѓу двете држави и бугарското вето за старт на преговорите на Македонија со ЕУ, како и дека според непотврдени информации, пред извесно време било разговарано Петков и Ковачевски за време на ова патување да објават напредок во разговорите или решение кое би водело кон укинување на ветото.