„Денеска ја славиме 150-годишнината од раѓањето на еден од најсветлите умови во нашата историја – бугарскиот револуционер Гоце Делчев“ напиша денеска на официјалната страница на Фејсбук на бугарската влада, премиерот Кирил Петков.
„Тој е еден од симболите на борбата за слобода, идеолог на македонско-одринското револуционерно ослободително движење. Гоце Делчев е составен дел од нашата заедничка историја со луѓето од Северна Македонија. Тој е една од личностите кои ги прават горди и двата народа“, напиша Петков.
Како што јави МИА вршителот на должност амбасадор на Северна Македонија во Бугарија Владимир Крстевски, ќе положи венец на церемонијата на чествувањето на 150-годишнината од раѓањето на Делчев, заедно со претседателот на Бугарија Румен Радев и бугарскиот премиер Петков.







