Петков го менува министерот за одбрана: Војната во Украина ја нарекол „операција“

Бугарскиот премиер Кирил Петков свикува вонредна седница на Советот на министри (бугарска влада – н.з.) на која ќепобара оставка од министерот за одбрана, Стефан Јанев.



Како причини за барањето оставка од Јанев, Кирил Петков брифираше:

„Ниту еден министер во оваа влада нема право на своја надворешна политика. Мојот министер за одбрана не може да ја нарече „операција“, војна што се води со милји далеку и во која се убиени момчиња помали од возраста на ќерка ми и кога луѓето спијат во засолништа“.

На коментарите дека смената може да го загрози опстанокот на неговата влада Петков вели:

„Ниту еден министер не може да биде услов за постоењето на оваа влада“.

Оваа влада ќе ги преземе вистинските постапки, вели Петков. „Кога се зборува за бугарски интерес, не може да се мисли на поговорката „наведната глава сабја не сече“…„Оваа војна мора да престане, цивилите, граѓаните не можат да останат под оган. Ние како членка на ЕУ, како и Бугарија, мораме да направиме се за да се стави крај на ова“, рече Петков.

Бугарски медиуми јавуваат дека утре ќе биде свикана вонредна седница на Народното собрание на која ќе се гласа за нов министер за одбрана.

На денечната владина седница ќе се расправа и за евакуација на Бугарите од Киев по зелен коридор и за нуклеарната закана од претседателот Владимир Путин.