Петков да објасни „што се случи во Скопје“, бара бугарски пратеник

Премиерот должи многу одговори, бидејќи за поголемиот дел од бугарската јавност воопшто не е јасно што навистина се случи во Скопје – дали Кирил Петков отстапил од бугарската позџиција, побара денеска пратеникот на ГЕРБ Даниел Митов во врска со средбата Петков-Ковачевски во Скопје.



Митов вели дека практично сите партии и учесници на Советот зџа безбедност се обединиле околу цврстиот став, кој се заснова на Рамковниот став од 2019 година, декларацијата на парламентот и т.н. позиција 5 + 1.

Доколку Бугарија се повлече од ова, не знам како да го опишам, освен како пречекорување на мандатот и речиси предавство, додаде Митов.

Пратеникот ги оцени како голем проблем изјавите на Стево Пендаровски дека Бугарија практично ги откажала досегашните позиции и Кирил Петков си заминал со сосема нова преговарачка рамка.

Црвените линии се јасни и се поврзани со длабоки историски и политички акумулации. Не може сите да се расчистат, но можеме да почнеме да влегуваме во добрососедските односи согласно договорот што го потпишаа двете земји, смета Даниел Митов.