Петков: Бугарската позиција кон Македонија иста – ама надградена

Кирил Петков, извесниот иден бугарски премиер, вели дека од добрососедството многу корист ќе имаат и Република Бугарија и Македонија.



„Не сакаме да продолжуваме само со фрази од едната и од другата страна на границата, туку сакаме да седнеме и да работиме со тимови на различни теми за да се увериме дека преку заедничка работа и комуникација се движиме кон добрососедство. Но, ќе опстојуваме на нашите национални интереси“, порача Петков.