Петков: Бугарија нема да подлегне на притисоци

Бугарскиот премиер Кирил Петков вели дека Бугарија нема намера да подлегне на никакви надворешни притисоци.



Запрашан дали се обврзал да даде „зелено светло“ на РС Македонија за ЕУ Петков изјави:

„Премиерот нема независни договори. Ако нешто треба да се случи, тоа мора прво да биде иницирано од Министерството за надворешни работи, кое ќе ги извести владата, Коалициониот совет и парламентот да одлучат“.

Петков вчера имаше средба со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи, кој во Софија разговараше со претседателот Румен Радев и со министерката за надворешни Теодора Генчовска. БГНЕС