Бугарскиот премиер Кирил Петков очекува Министерството за надворешни работи детално да го образложи францускиот предлог до собраниската Комисија за надворешни работи, а парламентот да донесе одлука.
„Повторно велам, нема да донесам никаква одлука без да бидам поддржан со став на Народното собрание, изгласан од негово мнозинство“ пренесе БГНЕС.
Запрашан како ќе постапи доколку парламентот не одлучи до моментот кога ќе замине за Париз на самитот на ЕУ, Петков рече:
„Токму ќе го кажам тоа што ви го кажувам. Се додека Националното собрание не донесе одлука, не можам да кажам дали или не е укинато ветото за РСМ“, рече Петков.






