Бугарија и Германија го гледаат Западен Балкан како дел од ЕУ, изјави Кирил Петков по денешната средба со германскиот канцелар Олаф Шолц во Софија.
Шолц во Софија: Не е лесно да се надминат историските проблеми
„На Олаф Шолц му ги нагласи нашите услови кои Северна Македонија мора да ги исполни: Бугарите да бидат вклучени во Уставот на Северна Македонија преку европскиот процес, ЕУ и Германија можат да дадат гаранции дека тоа може да се случи, како и почитување на договорот за соседство“, изјави Петков.






