Петков: Американскиот течен гас е 4 пати поевтин од гасот во Европа

Бугарскиот премиер Кирил Петков вели дека откако биле разгледани сите можни опции дошле до заклучик дека на американскиот пазар во моментов цената на гасот е повеќе или помалку една четвртина од цената на гасот во Европа.



Цената во САД е околу 26 долари за мегават, околу 100 евра – во Европа, а во Гаспром – околу 71-72 евра, изјави тој за бугарската Нова ТВ.

Според него, испораките од САД се добра опција и покрај транспортните трошоци.

„Маржата е толкава што всушност овозможува таму да се преговара за добра цена“, рече тој.

„Посебно ми беше важно цената да е еднаква или подобра од онаа на „Гаспром“,затоа што сакав да докажам дека Бугарија не е зависна, дека можеме да ги браниме нашите интереси и да имаме опции и со тоа да покажеме дека никој отсега не може еднострано да има претензии или ‘да се обиде да ни ги витка рацете’“, вели Петков.

Според него, заедно со трошоците за транспорт и втечнување, цената на гасот од САД ќе биде повеќе или помалку еквивалентна на онаа на „Гаспром“.

Тој рече дека зделката е направена двата брода веќе и во Бугарија се очекува да пристигнат на 8 и 23 јуни.