Пријателката на Македонија и нова хрватска пратеничка Маријана Петир уште во почетокот на својот мандат продолжи со поддршката за Македонија, барајќи исправање на неправдата со отворање пристапни преговори со Европската унија.
„Во хрватскиот сабор, зборувајќи за #ЕУ2020ХР, ја истакнав важноста од исправање на неправдата и отворање пристапни преговори со Македонија, која 15 години неоправдано беше блокирана и во чекалницата. #Македонија е наша пријателска земја и понатаму ќе продолжиме да ја поддржуваме #ЕУ патот“, објави на Твитер основачката и прва шефица на Групата пријатели на Македонија во Европскиот парламент додека беше европратеничка.





