Хрватската европратеничка Маријана Петир уште еднаш ја покажа својата љубов кон македонскиот народ, изразувајќи му поддршка за зачувување на неговиот национален идентитет на приемот на претставници на македонската дијаспора.
„Стојам со македонскиот народ во борбата за зачувување на неговиот идентитет! Денеска во својата канцеларија во Европски парламент се сретнав со претставници на македонската дијаспора од Швајцарија, Германија и Франција. #Makedonija“, напиша на својот профил на „Фејсбук“ основачот и шеф на Групата пријатели на Македонија во Европски парламент до пред неколку месеци, кога Владата на Заев ја смени од таа позиција.





