Пријателката на Македонија од Хрватска, Маријана Петир, го честита на Твитер празникот Свети Кирил и Методиј со фотографија од нивниот споменик во Скопје.
„Денеска е денот на словенските просветители и учители, мисионери на #христијанството и ден на светите браќа од Солун Св. Кирил и Методиј. Двајцата браќа се почитувани во источната православна црква како светци. Во 1980 година Јован Павле Втори ги прогласи за копокровители на #Европа“, објави на Твитер поранешната европратеничка, основачка на Групата пријатели на Македонија во Европскиот парламент и нејзина шефица пред да биде сменета од Владата на Зоран Заев пред две години.




