Петир: Се надевам дека на власт ќе дојдат политичари што ги сакаат Македонија и македонскиот народ

Коментирајќи ја оставката на Зоран Заев, поранешната хрватска европратеничка Маријана Петир на Македонија и на Македонците им посака на изборите да победат политичари што ги сакаат својата земја и народ.



„Денес премиерот на Македонија, Зоран Заев, поднесе оставка бидејќи и покрај тоа што спротивно на волјата на народот ѝ го смени името на државата и го загрози идентитетот, преговори со ЕУ не се отворени. Се надевам дека на изборите на 12 април на власт ќе дојдат оние политичари што ги сакаат Македонија и македонскиот народ“, објави на Твитер основачката и шефица на Групата пријатели на Македонија во Европски парламент до смената токму од Владата на Заев.