Хрватската европратеничка Маријана Петир не е одушевена со Преспански договор со кој се преименува Македонија во Северна.



„Јас и понатаму Македонија ќе ја викам Македонија. Преспански договор претставува невидено насилство на западната демократија над една држава и еден народ“, напиша Петир по вчерашната ратификација на договорот за промена на името на Република Макдонија во грчкиот парламент.