Петир: Посакувам македонското сонце секогаш силно да свети

Хрватската европратеничка Маријана Петир уште еднаш ја покажа својата приврзаност кон Македонија и Македонците, испраќајќи им порака од Брисел.



„Денот на независноста на Македонија е прославен и во Брисел. Испраќам честитки од срцето на ЕУ до сите Македонци во Македонија и низ светот, посакувајќи македонското сонце секогаш силно да свети“, напиша на „Твитер“ основачката и шефица на Група пријатели на Македонија во Европски парламент до смената од Владата на Заев во февруари годинава.