Хрватската пратеничка Маријана Петир ја изрази својата безрезервна поддршка за Македонија и за време на посетата на делегацијата на македонското Собрание на Загреб.
„Македонија ја имаше и ја има мојата полна поддршка. Им го кажав тоа и на пратениците на македонското Собрание. Неоправданото задржување на Македонија 17 години во чекалницата е резултат на двојните критериуми на ЕУ, која дозволува таа држава и нејзиниот народ неоправдано да се шиканираат поради билатерални прашања“, констатира поранешната европратеничка, основачка и прва шефица на Групата пријатели на Македонија во Европскиот парламент.






