Хрватската пратеничка и поранешна европарламентарка Маријана Петир уште еднаш повика за почитување на правото на македонскиот народ за самоопределување.



„Никој не би толерирал принудно преименување на својата земја и редефинирање на сопствениот идентитет. Ова не треба да се очекува ниту од Македонците. На Македонците мора да им се дозволи да го прегрнат своето име, култура, идентитет и историја. Стојам со #Македонија!“, порача на Твитер основачката и прва шефица на Групата пријатели на Македонија во Европскиот парламент покрај споделена објава на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) од Канада.