Хрватската европратеничка Маријана Петир на денешниот 16. состанок на заедничкиот парламентарен комитет ЕУ-Македонија одржан во Европски парламент во Стразбур порача дека македонскиот народ заслужи да живее подобро.
„Прво се соочи со блокада и со неправеден третман, потоа со притисоци што доаѓаа од разни страни и имаа влијание не само врз политичкиот живот, туку и на економската ситуација во државата и на општеството во целина. Владеењето на правото и демократијата се најдоа на искушение, што доведе до директен притисок на зачувувањето на националниот идентитет со присилното менување на името на државата. Тој притисок што е извршен врз Македонија е апсолутно недопустлив и жал ми е дека ЕУ учествуваше во тоа“, рече членката на заедничкиот комитет ЕУ-Македонија.
Нагласувајќи го сопственото отфрлање на новото име на државата, „со кое се крши правото на народот на самоопределување“, Петир изрази загриженост за состојбата во правосудството, државната управа, тајните служби, владеењето на правото, корупцијата и клиентелизмот, селективниот пристап на Специјално јавно обвинителство, притисокот врз медиумите, но и за загаденоста на воздухот.
Основачката и шефица на Група перијатели на Македонија во Европски парламент до разрешувањето од Владата на Заев во февруари минатата година побара и чесни, слободни и транспарентни претседателски избори.
Целото обраќање на Петир во следното видео:





