Хрватската пратеничка и Маријана Петир уште еднаш ја искажа својата поддршка за Македонија на денешната средба со македонскиот пратеник и претседател на Националниот совет за европска интеграција, Александар Николовски, и со амбасадорот на Македонија во Загреб, Милаим Фетаи.



„Македонија ни виновна ни должна стана заложник на двојните аршини на ЕУ, која кон таа држава ги применува веќе 17 години, уништувајќи ја така европската перспектива и иднината на Македонија. Свесна сум за проблемите што ги има Македонија и на кои треба да се работи одвнатре, посебно на сузбивањето на корупцијата и на воведувањето ред во правосудството, но верувам дека тие проблеми ќе беа помали ако ЕУ беше праведна кон Македонија и отвореше преговори за пристапување на таа држава кога беше време за тоа. Се стекнува впечаток дека Македонија се наоѓа во маѓепсан круг и, и покрај неразумното барање за промена на името што го исполни на барање на една држава-членка, сега друга држава-членка ѝ поставува нови услови, а сето тоа негативно влијание на расположението на граѓаните на Македонија кон ЕУ, како и на нивниот квалитет на животот“, изјави поранешната европратеничка, основачка и прва шефица на Групата пријатели на Македонија во Европскиот парламент, повикувајќи ја Унијата да отвори преговори за членство на Македонија.