Колумната во expres.mk за македонско-хрватското пријателство ја поттикна поранешната хрватска европратеничка Маријана Петир уште еднаш да ја изрази својата поддршка за Македонија и за Македонците.
„Отсекогаш стоев покрај Македонија и македонскиот народ и се борев против неправдата што им се нанесуваше со години. Имаат право на своја држава, на свој јазик, идентитет и име! #Хрватска #Македонија #пријатели ????“, ја прокоментира на Фејсбук споделената колумна основачката на Група пријатели на Македонија во Европски парламент и нејзин шеф до смената од Владата на Зоран Заев лани.






