Новопечената хрватска пратеничка и пријател на Македонија, Маријана Петир, испрати порака до македонските граѓани за претстојните предвремени парламентарни избори.
„#Македонија е наша пријателска земја во која наскоро се одржуваат парламентарни избори. На граѓаните на Македонија им посакувам да ги изберат оние политичари кои ќе се грижат за заштитата на суверенитетот на државата и за зачувување на идентитетот на народот и кои на младите ќе им дадат перспектива за да останат во татковината“, објави на Твитер поранешната европратеничка, основачка и прва шефица на Групата пријатели на Македонија во Европскиот парламент.




