Петир: ЕУ непотребно тренира строгост спрема Македонија

Хрватската европратеничка Маријана Петир ја критикува Европска унија за неправда, за непотребно тренирање строгост и за двојни стандарди кон Македонија, барајќи старт на преговори за членство и паралелно решавање на отворените прашања.



„Според моето мислење, со Македонија би требало да се отпочнат преговори за влез во Унијата, а отворените прашања би се решавале во текот на тие преговори“, изјави таа за весникот „Глобал“ што го издава Факултет за политички науки од Загреб.

Како пример за двојните аршини на Унијата основачката и поранешна шефица на групата за пријателство со Македонија во Европски парламент ги наведува хрватско-словенечкиот спор за границата и преговарањето со Србија. Оттаму, заклучува дека европските институции непотребно тренираат строгост во македонскиот случај, директно влијаејќи врз негативното насочување на развојот и на реформите во државата.

Петир се осврнува и на неуспешниот референдум во Македонија за Преспански договор.

„Јасна е пораката на македонскиот народ дека нема молкум да премине преку таквата спогодба“.