Петир: Да запрат уцените и притисоците врз Македонија

Хрватската пратеничка и голем пријател на Македонија Маријана Петир за разлика од дел од македонските соседи нема дилеми за македонската нација и смета дека е крајно време да се случи крај на негирањето на Македонците.



“Македонија има свој јазик и свој идентитет, и би било добро конечно да дојде крајот на уцените и на притисоците врз Македонија”, порачува екс пратеничката во Европскиот парламент Петир упатувајќи порака пред се на Бугарија.