Професорот по историја на Балканот на колеџот Сент крос од Оксфорд, Џејмс Петифер, го критикува францускиот предлог за кревање на бугарското вето за почеток на преговори на Македонија за членство во Европската унија.



„Г-дин Мицковски врши добра работа овде. Франција не треба да ја турка агендата на бугарскиот ултранационализам што, доколку се спроведе, дополнително ќе го дестабилизира регионот“, реагира Петифер на пораката од лидерот Христијан Мицкоски за предлогот од Париз дека „ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати никаков договор што е штетен за македонските интереси“.