Британскиот професор по историја на Балканот и добар познавач на состојбите во регионот Џејмс Петифер со краток, но јасен опис на францускиот предлог за надминување на бугарското вето за старт на преговори на Македонија за членство во Европската унија.
„Едноставно, ужасен документ што можеби бил напишан од софиски спин доктор“, го коментира професорот од колеџот „Сент крос“ во Оксфорд делот од предлогот од Париз во кој македонскиот јазик се именува како „македонски јазик 2“.






