Џејмс Петифер, професор по балканска историја на колеџот „Сент крос“ од Оксфорд, упати повик до претседателот Стево Пендаровски.
„Добра изјава на претседателот Пендаровски, но ќе беше посилна ако речеше и дека измените наметнати на Скопје од Софија се неприфатливи, точка“, ја прокоментира Британецот на Твитер констатацијата на Пендаровски дека „во моментов нема шанси да се приближиме до две третини потребни за уставните амандмани“.






