-На социјалните мрежи се шири петиција за враќање на работа на докторот Мирослав Гроздановски, кој доби отказ од поликлиника Букурешт, три години пред пензија.
Тој ја фотографираше неписмената табла за дерматовенерологија во поликлиника Букурешт.Неговите колеги доктори, на социјалните мрежи пишуваат дека ваквиот отказ не е ниту морално ниту етички а најмалку човечки, отказот е класичен мобинг.
Со петицијата се бара Министерството за здравство да го врати докторот назад и да му се извини за непријатностите.
Од друга страна, ЈЗУ Здравствен дом Скопје демантира дека докторот добил отказ зтоа што укажал на грешка, и соопшти дека докторот од 30.07.2021 година не е вработен во Службата за неврологија при ЈЗУ Здравствен Дом Скопје поради тоа што по своја волја односно самоиницијативно од 26.07.2021 година до 28.07.2021 година три дена не се појавил на работното место специјалист невролог.





