Адвокатите на Орце Камчев поднесле барање за изземање на обвинителката Лиле Стефанова, откако во постапката за Плацевите на Водно се откри дека манипулирала со изјава на Никола Груевски и на тој начин грубо ги повредила правата на учесниците во постапката, пишува Саше Димовски во Сведок.
Во барањето за изземање на Стефанова, одбраната наведува повеќе причини меѓу кои и постоење на основано сомнение дека за Јавниот обвинител Лиле Стефанова обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје постојат околности кои предизвикуваат сомневање во нејзината непристрасност на основа на нејзиното досегашно постапување во текот на постапката по предмет КО.бр.113/20 на насловното јавно обвинителство.
За изземањето на Стефанова треба да одлучува петчлена комисија формирана од Јавниот обвинител Љубомир Јовески која 15 дена откако ќе добие налог од обвинителот ќе треба да се произнесе за контроверзната обвинителка.
Во конкретниот случај Јавниот обвиител Лиле Стефановска го води предметот познат како ,,Империја” кој се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје под КО.бр.119/19 познат во јавноста под име ,,Империја” за кој предмет постои правосилна судска пресуда со која лицето Катица Јанева како Јавен обвинител во поранешното СЈО е правосилно осудена за злоупотреба на службената положба во предметот ,,Империја” кој предмет во тоа време , а и сега го води и застапува обвинителката Лиле Стефанова.
Сега обвинетиот Јордан Камчев во таа постапка како сведок даде изјава во која директно се споменува Јавниот обвинител Лиле Стефанова во негативна конотација што дава основ за сомнение во непристарсност на истиот обвинител во оваа постапка во која за Јордан Камчев како петто обвинет се инститира на опстојување на мерка притвор од обвинителот Лиле Стефановска иако ниту еден друг од обвинитетите не се наоѓа во притвор, јавува Сведок.
Иако се нудат валидни и аргументирани гаранции со вредност значително над евентуално спорниот износ во постапката која се води под КОК.бр.63/21 како Јавен обвинител постојано оди со негативни мислења за укинување на мерката притвор со неприфаќање и на медицинска документација од релевантни стручни лица од областа на медицината и изготвено медицинско вештачење за здравствената состојба на обвинетиот Јордан Камчев.
“Сметаме дека овие околности укажуваат за реален основ за пристрасност на обвинителот Лиле Стефановска во оваа постапка каде смеаме дека таквата пристрасност доведува до лична нетрпеливост во однос на личноста на обвинетиот Јордан Камчев поради што се сомневаме и во нејзините дејствија кои ги преземала или презема во конкретниот предмет во кој се поднесува ова Барање за изземање.
Во конкретниот предмет за кој постои правосилна судска пресуда за непосредниот раководител на обвинителката Лиле Стефанова самиот обвинител Лиле Стефанова исто така е сослушан како сведок при што дава свои наводи кои се однесуваат и на сега обвинетиот Јордан Камчев со кои директно се опонира на исказот на Јордан Камчев од таа постапка што уште повеќе го зацврстува уверувањето на Јордан Камчев дека станува збор за пристрасно постапување од овој обвинител во конкретната постапка за која се поднесува ова Барање за изземање.
За да ваквото сомневање во пристрасноста на Јавниот обвинител Лиле Стефанова во конкретната постапка ќе дадеме наводи од нејзини дејствија кои сметаме дка како искусен Јавен обвинител не можела да не ги увиди при своето постапување , а имено :
Согласно на одредбите на ЗКП како јавен обвинител Лиле Стефанова донела Наредба за спроведување на истрага КО.бр.113/20 од 16.10.2020 година како посебна Наредба која видно од истата не се поврзува со било каква Наредба за спроведување на истрага во поранешното СЈО за овој предмет или како дел од Наредба во која се опфатени дејствијата на кривично дело од чл.273 од КЗ наведени во дипозитивот на обвинителниот акт во овој предмет.
Неспорен факт кој го констатира и кривичен совет на Основен кривичен суд Скопје по предмет КОК.бр.63/21 на главна расправа од 16.07.2021 година при донесување на Процесното Решение за судење во отсаство е дека лицето Никола Груевски подолг период е недостапен за органите на прогон на РС.Македонија.
Согласно на одредбите од чл.292 од ЗКП Јавниот обвинител истрагата ја започнува со донесување на Наредба за спроведување на истрага од обвинителството кога постапката се донесува за постапување во однос на кривично дело за кое е запретена казна над 5 години кои не потпаѓаат на одредбите за скратена постапка согласно ЗКП.
Со очигледно пристрасно постапување како застапник на обвинението, обвинителот Лиле Стефанова не ги применила императивните законски одредби од ЗКП кога во конкретниот случај на ден 12.05.2021 година поднела Обвинителен акт КО.бр.113/20 до Основниот кривичен суд во Скопје со приложување на попис на списи КО.бр.113/20 од 12.05.2021 година , а имено :
Од почетокот до завршувањето на истрагат започната со Наредба КО.бр.113/20 од 16.10.2020 година лицето Никола Груевски како еден од осомничените во постапката па се до поднесување на обвинителниот акт на 12.05.2021 година е недостапно на органите на прогон.
При предната состојба на работите Лиле Стефанова како Јавен обвинител морала да ја прекрати истражната постапка за лицето Никола Груевски со донесување на Наредба до престанување на причините согласно на одредбата од чл.300 ст.4 од ЗКП, пишува Димовски.
Повеќе детали на сведок.мк






