Најмалку пет лица загинаа во серија руски артилериски напади врз Харков, вториот по големина град во Украина, откако Москва ги интензивираше нападите во источна и јужна Украина, соопштија локалните власти на 17 април .
Началникот на Одделот за здравство во регионот Харков, Максим Хаустов во изјава за новинските агенции вели дека нападите предизвикале пожари, а дел од покривите на зградите се срушиле.
Олех Синехубов, гувернерот на регионот, на својот канал на Телеграм изјави дека во нападите биле повредени 31 лице.
Новинарите на АФП објавија дека слушнале две експлозии и биле сведоци на пет пожари во станбени области во центарот на Харкив.





